
Изработи цвет, подари цвет, изнуди насмевка, под ова мото децата од ОУ „Гоце Делчев“ во Штип преку низа активности го одбележаат денот на жената Осми март. Во претходните неколку дена се спроведоа работилници на кои се изработија цветови од хартија, рециклиран материјал, шишиња, салфетки и слично за да се покаже вниманието кон жените.
„По повод денешниот празник меѓународниот ден на жената ОУ „Гоце Делчев“ спроведе работилници со учениците од одделенска и предметна настава, членови од литературната секција. Беа вклучени учениците и родителите и наставниците. Работилницата беше под мотото „Изработи цвет, подари цвет, изнуди насмевка““ – вели Пилатова.
Настанат продолжи со делење на рачните изработки на децата на случајни минувачи на улица, жени на кои им се честиташе денешениот ден.

„Учениците заедно со наставниците излегоа во градот и со еден скромен гест на жените да им го честитаат од срце денешниот празник. Јас верувам дека ќе изнудат насмевка. Еве го користам овој момент да им го честитам празникот на сите жени, пред сѐ да им посакам добро здравје, просперитет, многу насмевки“ – додава Пилатова.
Децата задоволни од работилниците, со искрени честитки за жените, излегоа на улица, во општина, околу училиштето да изнудат насмевка.
На ваков начин основците од „Гоце Делчев“ Штип го одбележаа денот на жената Осми март.
Лаура Стојанова М-Нет