
Нов велосипедски парк ќе добие Општина Штип, на локација покрај река Брегалница во населба Осми Ноември. Паркот е предвидено да биде наменет за деца и млади, возачи на велосипеди, веднаш до детското игралиште кое се наоѓа во оваа наслеба. Со тоа населбата ќе добие целосен изглед, уредено катче наменето за младите, но и простор за повозрасните.
„Полигонот за велосипеди е планирано да биде изведен во населбата Осми ноември, кај зградите, паркот од левата страна до првите згради. Тоа е специјализиран парк за млади однонсо за деца – возачи на велосипеди.“ – вели Соколов.
Предвидено е паркот да се протега на површина од илјада метри квадратни, што се доволни за реализирање на ваков проект односно изведба на велосипедски парк. Финансиските средства ќе се обезбедат од Бирото за регионален рамномерен развој, а точната сума ќе се знае откако ќе се одобри проектот, бидејќи секогаш е предвидена една сума на пари, но истата се намалува и се добива друга финансиска сума.
Лаура Стојанова М-Нет