
Букет цвеќиња од хартија, вештачки и природни, изобилство од рачни изработки, предмети, украси, храна, зачинето со музика во позадина и голема посетеност. Денеска Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани го реализираше најавениот Базар на можности по повод празникот на жената Осми март. И родителите и учениците максимално се потрудиле за да се добие резултат како денешениот, директорот Петров е задоволен. Средствата кои ќе се соберат од денешната продажба ќе бидат наменети за донација, а дел ќе се искористат за партониот празник на училиштетото седми април.
„Денеска организираме базар за денот на жените. Како што можете сами да видите на штандовите има изработки од самите ученици и родителите кои се потрудија максимално. И јас сум пријатно изненаден од толку многу изработки што имаат направено за Осми март. И времето нѐ послужи, предосмомартовско расположение. Собраните пари ќе бидат потрошени за донација и за денот на училиштетото седми април“ – вели Петров.

Базарот на можности во Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани беше закажан уште претходната недела, со што учениците, но и нивните родители имаа доволно време и можност да подготват разни рачни иразботки кои ќе се понудат на присутните за денот на жената. Дел од денешниот настан беше и градоначалникот Љупчо Папазов.
Лаура Стојанова М-Нет