
Пензионерка над 20 години и активен член во Активот на пензионери. Штипјанката Стојка Шалева веќе долг временски период е дел од големото сеемејство на пензионери во Штип. Некогаш била дел и учествувала во разни спортски игри и активности, но по операцијата таа можност и е скратена. Живее сама, па пред камерите на М-Нет телевизија раскажува како здружението за неа преставува втор дом.
„Порано учествував во игрите спортски, сега моментално не можам, бидејќи сум правена операција. Ама многу ми е добро што се дружам со членовите во пензионерски. Здружението ми преставува втор дом сега моментално. Дома сум сама, сопругот почина“ – вели Шалева.
Во моментот се подготвуваат за претстојниот празник Осми март. Покрај веќе реализираната прослава претходната недела, со подароци ќе ги израдуваат оние жени пензионерки кои не можат да се движат.
„Сега ќе делиме подароци на жените кои не можат да дојдат, кои се во кревет и слично. Околу 20 жени има активни, тие се во разни комсии, во извршни во Собрание и тие ги завршуваат работите. Но, за дружба активни се и останатите пензионерки.“ – додава Шалева.
Шалева е само една од дваесетте активни пензионерки кои се дел од Здружението на пензионери во Штип. Додава дека работите навремено се извршуваат, а активностите кои се постојано организираат го исполнуваат времето на пензионерите во градот.
Лаура Стојанова М-Нет