18-годишно момче повредено при извршување работни задачи во фабрика во Пробиштип

На 03.03.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип со повреда бил донесен М.З.(18) од Кратово. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Пробиштип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.