Реконструкција на улицата „8 април“ бараат граѓаните во Штип, општината вети за кратко време

Улицата „8 Април“ во Штип во лоша состојба реагираат жителите кои живеат во тој дел од градот. Велат дека долг времеснки период никој не води грижа за нивната улица и покрај тоа што реагирале до надлежните. На дел од улицата не може да минуваат ниту автомбили, на другиот дел пак внимаваат да не го оштетат своето возило. Дополнително на ова велат дека треба да се работи и на реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, па потоа да се пристапи кон нејзино асфалтирање.

„Прво и прво канализацијата да се отворе да се прочисте, после се е ископано, не може да помине ниту кола. Има работа треба само одговорност. Баравме да направат нешто ама еве….“ – реагираат жителите.

Дали оваа улица е ставена на списокот улици кои ќе бидат асфалтирани оваа тековна година прашавме во Општина Штип. Од таму во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочија дека ќе се работи на крак односно еден дел од улицата оној кој е оштетен. Додаваат дека во моментот се работи на тендерска постапка, па потоа ќе се пристапи кон асфалтирање. Повикуваат на разбирање од страна на граѓаните и ветуваат дека оваа како и многу други улици во Штип се на листата улици за реконструкција со почетокот на пролетната градежна сезона.

Лаура Стојанова М-Нет