Привремено затворање на 5 штипски конфекции поради Ковид 19

Како што налага моменталната состојба со Корона вирусот во градот Штип беше одржан состанок на општискиот штаб за заштита и спасување во проширен состав на кој присутни беа преставници од клиничката болница, секторот за внатрешни работи, и уште неколку инворлвирани инспекторати во целиот процес како и државен секретар на министерството за здраство Владимир Милошев. Целта е разгледување на новонастанатата состојба во општина Штип.

Разговаравме за неколку сценарија, но она кое што го одлучивме во координација со централниот кризен штаб на владата е затворање на 5 конфекции кои што биле во блиска комуникација во превозот во автобусите во изминатите неколку денови вклучувајќи ја и шестата која веќе е затворена од која што сите вработени се веќе тестирани. Затворањето ќе важи до крајот на оваа недела односно од Понеделник ќе започнат со работа но тоа ќе биде во кординација со институциите а до тогаш епидемиолозите ќе направат целосна анализа и ќе ги повикаат на тестирање овие вработени кои што ќе проценат дека треба да бидат тестирани, дотошам мора сите да останат дома сите текстилни работнички од овие текстилни компании. Иако сум голем противник на повторно воведување на полициски час или ставање во карантин целиот град би сакал да го кажам мојот јасен став дека како следен чекор ќе иницирам дел од овие ригорозни мерки во име на општискиот штаб да се стават во функција, а тоа значи доколку не сме на ниво на задачата сите граѓани сите иституции, ќе предложам до централниот кризен штаб да имаме целосна блокада на општина Штип нешто што ќе биде разгледувано наредните денови така да апелирам до сите граѓани на максимална корекност и внимание во наредниот период, ако здравјето на граѓаните ни е пред се тоа неможе и не смее да се сведе само на затварање на а граѓаните ќе продолжат непречено да функционираат во обавување на секојдневните пореби.  

Комисијата за заразни заболувања при министерството за здраство во која што сум и јас член утринава една од точките на дневниот ред беше и актуелнава епидемиолошка состојба на градот Штип по деталните податоци и анализи кои ги направивме врз база на информациите донесовме одлука денеска да го посетиме Штип и да одржиме заеднички состанок со општинскиот кризен штаб би рекол дека е загрижувачка моменталнава бројка на ново инфицирани меѓутоа ќе напоменам очекувана од аспект на минато неделните информации за фокусираното жариште во една од конфекциите и затворањето на неа. На состанокот на кризниот штаб на кој присустуваше и директорот на центарот на јавно здравје донесовме одлука од утре сите вработени од овие 5 конфекции и едната веќе затворена ќе се изврши проширено тестирање односно ќе се зема брисеви од сите вработени во овие конфекции.

Благојчо Костадинов/ М НЕТ