
Реалиизрана првата од планираните три крводарителски акции во Одделението за внатрешни работи во Кочани. Денеска за само еден час од почетокот на акцијата, 15 вработени во полициската станица во Кочани, даруваа крв, за на крајот од акцијата да се соберат 23 крвни единици. Крводарителските акции преставуваат поттик за хуманост и начин да се спаси нечиј живот дарувајќи крв.
„Останатите две крводарителски акции се планирани за месеците јули и ноември. Јас на сите колеги им се заблагодарувам што активно учествуваа во дарувањето на крв, а исто така е поттик за младите колеги да се вклучат во останатите крводарителски акции“ – кажа Стојанова.
Денешната акција спроведена во просториите на ОВР Кочани беше во соработка во Црвен крст Кочани. Во Кочани пак во просториите на Црвен крст, крводарителски акции се спорведуваат тадиционално секој последен четврток од месецот.
Лаура Стојанова М-Нет