
Од идеја до реализација, Зоран Јовановски својот занает го пренесува на помладите генерации и гради успешна приказна за себе и неговите ученици. Од Македонска Каменица продолжува да работи во Кочани, каде отвара академија за пица мајстори. Од ден на ден заинтересираноста расте, па денеска гордо може за себе да каже дека е единствениот пица мајстор кој има освоено три златни ѕвезди. Вели потребни се само пет дена, ако се има вистинска желба да се научи и да се прават најдобрите пици.
“На светскиот шампионат што се одржуваше во Италија оваа година, каде имаше околу олјада учесници од целиот свет македонската пица репрезентација која брои десетина пица мајстори повеќето од нашата школа и се натпреваруваме во вкупно 13 категории. Јас сум единствениот неиталјанец кохј има три златни ѕвезди од можни четири како пица инструктор на Академијаѕа во Италија. “ – вели Јовановски.

Трајче Михаиловски од Кратово, 15 години се занимава со правње пица, ама како што вели да се научи нешто плус е од големо значење. Се враќа од Германија и доаѓа во Академијата во Кочани за да може да научи дополнително нешто за начинот на кој се подготвува најдобрата пица.
„Се занимавам со пица подолго време, значи 15 години веќе, работам исто во Германија, дојдов од Германија, ја видов академијата дека има нешто што јас можам плус да научам, се запознавме со маестро Зоки и сум задоволен од тоа што го научив од него.“ – вели Михаиловски.
Пица десертот е специјалитет на младата Емилија Симеонова од Кочани, која исто така учествува на шампионатот во Италија, и вели и преставува гордост што имала можност да учи од најдобриот мајстор за подготвка на пица.
„Јас се одлучив за пица десерт од претходно имам искуство за правње благи работи, имаше доста категории, јас го избрав десертот“ – вели Симеонова.

Деновиве во Кочани, во Академијата ученици има и од Косово, кој барајќи го најдобриот пица мајстор дошле во Македонија. Очекувањата се најдобрите пици понатаму да се продаваат и во Косово.
„Јас доаѓам од Косово, после истражувањата по целиот свет да го пронајдам најобриот пица мајстор за квалитет. Ја пронајдов оваа пица академија во Македонија, која има квалификации за најдобрите пици во светот. Многу сум му благодарн на господинот Зоран што не научи како да бидеме мајстори. Очекувам и сакам да се видам себе си како пица мајстор во мојата земја и да ги нудам најдобрите пици во Косово“
Академијата во Македонија работи од 2011 година, и оттогаш до денеска само расте бројот на ученици кои задоволни раскажуваат како научиле да ги прават најдобрите пици.
Лаура Стојанова М-Нет