Со дигитализација на Општина Штип до спречување на корупција и транспарентност во работењето

Легализација на дивоградби, издавање потврда за точна адреса, промена на улица и број се само дел од активностите кои ќе може граѓаните на Општина Штип да ги добијат откако денеска се воведе дигитализација на општината. По електронски пат може да се поднесе иницијатива за инспекциска постапка, а ова се прави со цел граѓаните да имаат поголема достапност до документите и активностите во општинската зграда и јавните претпријатија.

„На граѓаните на Општина Штип ќе им се олесни пристапот до општинските услуги со тоа што преку дигитализираната платформа ќе може да следат контрола на процесот на легализација на дивоградби, да поднесат барање за издавање на извод од урбанистички план, да поднесат барање по електорнски пат за издавање барање на број за катастарска парцела, опфат на урбанистички план, издавање потврда за точна адреса, промена на улица и број . Исто така можат по електронски пат со новата алатка може да поднесат иницијатива за воведување на инспекциска постапка.“ вели Јорданов.

Се воведува и нова платформа „Ем заедница“ преку која граѓаните може да пријавуваат проблеми од секојдневието, со што одговрните лица ќе комуницираат со граѓаните и полесно ќе се решаваат проблемите. И данокот на имот ќе може да се плаќа по електронски пат.

„За да ги подобриме нашите услуги воведуваме алатки преку платформа ем заедница каде граѓаните же може да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат во секојдневието, а понатаму секој раководител ќе комуницира со граѓаните за решавање на проблемот. Ова е со цел навремено постапување од страна на одговорните лица во општинската администрација.“ – додава Јорданов..

Целта на општината е преку реализација на овие проекти да се дојде до поквалитетна услуга, поефикасна администрација и спречување на корупција. Истовремено, преку ваквите алатки се овозможува транспарентно и отчетно работење, отчетност на општината во решавањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет