
Денес на програмата се натпреварите од четвртфиналето од женскиот Куп на Македонија.
Во Тетово со почеток од 12:00 часот силите ќе ги одмерат Љуботен и Топ Гол, во меч каде фаворит ќе биде домаќинот, еден час подоцна, односно во 13:00 часот во Македонска Каменица ќе се одигра дербито помеѓу Каменица Саса и Скопје 2014. Овој меч ќе го привлече најголемото внимание.
Со почеток од 14:00 часот во Прилеп соочување ќе имаат Деспина и Тиверија, во меч каде ќе гледаме неизвесен и израмнет натпревар. Во ист термин во Тетово ќе се соочат и Шкендија и Атлетико.
- Делегирани судии 1/4 финале Куп на Македонија:
Љуботен – Топ Гол, Мирсат Љатифи (Тетово)
Деспина – Тиверија, Фатмир Бафто (Охрид)
Шкендија – Атлетико, Нинослав Нанков (Гостивар)
Каменица Саса – Скопје 2014, Ирена Велевачкоска (Прилеп)