Вардар во финишот до три бода против Охрид, Воска, Гостивар и Пелистер спорд планот, радост и за радовишани

Фудбалски празник во Охрид, убавина за македонскиот фудбал, полна трибина, многу навивачи и одлична атмосфера во рамки на 17. коло од Втората македонска фудбалска лига.

На СЦ “Билјанини Извори” се одигра дербито помеѓу Охрид и Вардар, трите бодови заминаа во Скопје, откако во последните секунди од средбата погоди Владимир Жоглев за херојска победа на “вардарци”.

Двете екипи тргнаа сигурно и претпазливо, но Охрид беше поконкретен во нападот. Во вториот дел продолжи неизвесноста и притисокот за трите бодови, по неколкуте неискористени шанси од страна на Охрид, “казната” стигна пред судискиот свиреж за крај на мечот. Голот на Жоглев беше постигнат пред самиот крај за три бодови вредни злато на патот кон ПМФЛ.

Во директен пренос на телевизија М Нет, лидерот Гостивар во вториот дел ја “збриша” Саса со 0:3 во Македонска Каменица.

Крстевски ја отвори Саса на стартот од вториот дел, а во финишот беа решени дилемите за трите бода, откако искусниот голгетер Каланоски со два гола стави печат на победата за гостите.

Беласица потешко од очекуваното прокнижи три бода против “фенерџијата” Борец во Велес со минимални 0:1. Струмичани се мачеа цел натпревар и во финишот со гол на новото засилување Младен Љумовиќ дојдоа до триумф и три бода.

Воска Спорт со триумф се врати од гостувањето во Скопје, каде со 1:2 славеше над Локомотива. Охриѓани рано го отворија резултатот преку Бехар Фета. Во 37. минута Фета со втор гол ја дуплираше предноста за Воска Спорт.

Во вториот дел Локомотива преку Хасан Сумер намали на 1:2 и се врати во игра барем за реми. Сепак, до крајот на мечот немаше изненадување и 1:2 беше конечниот исход.

Детонит Плачковица ја запиша првата пролетна победа, откако на домашниот терен во Радовиш со минимални 1:0 беше подобар од Тетекс.

Момците на Иван Варадиновски до трите бода стигнаа со голот на Иван Настевски.

Пелистер со пресврт ја доби Беса на гостински терен со 1:2.

Беса прва дојде до водство против Пелистер со гол на Велиу, а битолчани преку Китановски брзо израмнија на 1:1. На стартот од вториот дел Бојан Спиркоси погоди за нова и значајна победа. Трите бода одат до Битола.

Арсими во финишот обезбеди три бода со Кожуф на домашен терен, откако со 2:1 беше подобар на средбата во Чегране.

Домашниот состав прв дојде до водство со голот на Шпенд Асани, а гостите од Гевгелија преку Мичковски дојдоа до израмнување и рамноправна борба за три бода.

Сепак, 93. минута Шуку Ерион беше херој за Арсими за трите бодови.

Колото ќе биде комплетирано утре со дербито за директен опстанок меѓу Караорман и Слога од Виница кое се игра во Струга.

Y