
Воска Спорт со убедлива победа од 4:1 во езерското дерби против Караорман ја започна пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига. Охриѓани во пролетниот дел атакуваат на првите две места кои директно водат во Првата македонска фудбалска лига, што за Воска Спорт би бил историски успех влезот во елитата.
Тренерот на Воска Спорт, Берат Имери, вели дека е важно што го добиле мечот со Караорман и што ги освоиле трите бода, но сепак, не е задоволен и додава дека првите натпревари се секогаш тешки, а фокусот сега е насочен кон следните натпревари.
„Многу важна победа, важно е што ги освоивме сите 3 бода. Мислам дека треба да продолжиме да работиме уште понапорно. И покрај гoлeмата победа, да кажам право, не сум многу задоволен, но треба да се истакне и фактот дека првите натпревари се секогаш тешки, па ни треба малку време да ја внесеме екипата во свој ритам. Караорман веќе припаѓа на минатото, додека сега размислуваме за следниот противник“, вели тренерот на Воска Спорт, Берат Имери.
Во следното коло Воска Спорт ќе гостува кај екипата на Локомотива Пехчево.