Штипските пожарникари од Адијаман заминуваат вечерва, последна желба им е да даруваат крв во Анкара

Вечерва завршува спасувачката мисија за вториот македонски конвој, во разурнатиот град Адијам во Турција од катастрофалниот земјотрес. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев во телефонски разговор за МНет вели дека во моментов се уште се на објектот, којшто е разрушен и излекуваат за жал мртви луѓе од него. Со мисијата завршуваат по 19 часот и во текот на ноќта заминува конвојот со 32 македонски пожарникари спасувачи и тимот од Дирекцијата за заштита и спасување. Но, Коцев вели дека последна желба на вториот македонски спасувачки тим е да даруваат и крв во Анкара.

-Надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување во секој момент очекуваат одговор дали нашиот тим по пат ќе помине и во Анкара, за да даруваме крв, бидејќи тоа ни е последна желба да го сториме во оваа мисија, вели Коцев.

Петмината штипски пожарникари-спасувачи се во добра здравствена состојба.