Успешно завршена мисијата на штипските пожарникари во Турција, најверојатно утре се враќаат назад

Мисијата на тимот штипски пожарникари во Турција успешно завршена. Разрушениот објект кој им бил доделен е завршен, но се уште е непозната одлуката од Дирекцијата за заштита и спадување и официјална Анкара дали утре ќе тргнат за Македонија или ќе ја продолжат својата мисија во Турција. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко коцев во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека те задоволни од стаботеното на терен. И покрај тоа што имало многу мртви извлечени тела, радува фактот што е извадена жива 35 годишна жена.

„Што ни беше даден објектот разрушен ние веќе ги завршивме и сега под водство на Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара очекуваме да кажат дали ќе има наше повлечување или ќе одиме на некој друг објект. Можно е утрешниот ден веќе да тргнеме за Македонија, но сепак ќе одлучат Дирекција за заштита и спадување и официјална Анкара.“ вели Коцев.

И Општина Штип е задоволна од пожарникарите херои кои заминаа за Турција. По нивното враќање во државата градоначалникот Јорданов најави нивен прием, бидејќи во тешки моменти помогнале на настраданото население во Турција.

„Па како граѓани кои недвосмислено веднаш се одзваа на повикот, заминаа за да помогнат на најпогодените подрачја, со целата нивна одлучност, храброст, солидарност и хуманост која ја покажаа ја должиме почитта кон нив и како град сигурно дека јас како градоначалник ќе организирам прием за да ги достоинствено пречекаме и да им се заблагодариме за се она што го направија и помогнаа во вакви тешки моменти и помогнаа на најпогодените подрачја во Турција“ – вели Јорданов.

Штипскиот тим пожарникари на 9 февруари беа во погодените места во Турција, каде на терен беа од утро до мрак. Во петокот учествуваа во акција во која се спаси 35 годишна жена која неколку дена била под урнатините. Работеа на објект кој беше разрушен и се извадија голем број мртви тела. Бројот на загинати граѓани од земјотресот во Туција надмина бројка од 30 илјади граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет