
Битолскиот второлигаш Пелистер вчера беше убедлив со 0:5 против третолигашот Новаци на контролен натпревар.
Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Бобан Бабунски им даде шанса на повеќе фудбалери. Стрелци на голови беа Маневски, Јовановски, Фејзуловски, Богдановски и П. Љамчевски.
Пелистер во пролетниот дел од ВМФЛ ќе атакува на местата кои водат во ПМФЛ, а пак Новаци ќе атакува на првото место во ТМФЛ – Југозапад со цел да игра бараж за Втора лига.


