Индустриската зона во Карбинци нема напредок, инвеститорите купиле плацеви ама не градат на нив

Целата индустриска зона во Општина Карбиници, на потегот меѓу селата Долни Балван и Таринци е распродадена уште пред три години, ама ретко некој извадил дозвола за градба или е во фаза на градење. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека периодот да се извдаи дозвола за градба е поминат, а голем дел од потенцијатлните инвеститори треба да плаќаат казнени пенали. Проблем има и овде, пеналите не се плаќаат па општината веќе им пратила по една опомена. Ако не се одговри за три последователни опомени тогаш општината може да им врати 20% од сумата на инвеститорите, парцелите да ги врати во сопственост на Општината и повторно да ги продава. Паунов се надева дека до ваква ситуација нема да дојде и конечно ќе почене да сее гради за да се развие оваа општина.

„Индустриската зона во Општина Карбиници или меѓу потегот од село Долни Балван до село Таринци е распродадена до крајот на 2020 година, тоа е пред моето доаѓање, ама од тогаш до денес само неколку од тие потенцијални инвеститиори имаат извадено одобрение за градба или се во фаза на градење. Сите други кои купиле плацеви веќе ги надминале роковите за аплицирање за градба, и веќе се обврзани да плаќаат казнени пенали за самото тоа.“ – вели Паунов.

Просторот е предвиден за лесна и незагдаувачка индустрија, па Паунов апелираше до инвеститорите наместо да плаќаат казнени пенали да аплицираат за одобрение за градба.

„Овие зони се со лесна и незагадувачка индустрија, има објекти од повеќе типови, но пак ќе кажам во насока на подигање на свеста на самите инвеститори да не плаќаат пенали туку да апилицираат за одобрение за градба.“ – додава Паунов.

Инаку, претходната година се асфалтираа две улици во оваа индустриска зона, а се реши и тротоарското и атмосферско прашање. Тогаш се издвоија девет милиони денари пари од Буџетот на Општина Карбинци. Во меѓувреме, се прават напори да се развие уште една индустриска зона во Карбинци, со што ќе се работи на развој на општината.

Лаура Стојанова М-Нет