
Третолигашите Новаци и Големо Коњари денес одиграа пријателски натпревар, кој заврши со триумф од 3:1 за екипата на Новаци.
До триумфот екипата предводена од Горан Ставревски стигна со погодоците на Антон Стојковски, Јоцо Ѓорговски и Иве Трифуновски, а единствен стрелец за Големо Коњари беше Мустафа Селмани.
Новаци во пролетниот дел во Трета лига – Југозапад ќе атакува на прво место и бараж за Втора лига, каде конкурент е Кораб од Дебар, а пак Големо Коњари ќе се обиде да го стигне непоразениот лидер во Трета лига – Југ, екипата на Вардар од Неготино со цел да стигне до бараж за Втора лига.


