Слога Виница убедлива против младинците на Академија Пандев со погодоците на новите засилување

Второлигашот Слога од Виница денес го одигра третиот пријателски натпревар на домашен терен во рамки на зимските подготовки и истиот го доби со убедлив 3:0 против младинците на Академија Пандев.

Новото засилување Давид Манџуковски беше двоен стрелец на натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Виница, додека пак Петар Петроски, кој исто така е ново засилување, а во Виница доаѓа од редовите на третолигашот Големо Коњари беше стрелец на еден гол.

Второлигашот од Виница ги погоди новите засилувања, кои денес на пријателскиот меч се покажаа во одлично светло.

До крајот од подготовките за Слога Виница останува „генералката“ против Вардар Неготино, која е закажана за 11. февруари на Градскиот стадион во Виница, а не се исклучува можноста да биде одигран уште еден контролен натпревар.