
Вардар денес го одигра првиот контролен натпревар во рамки на зимските подготовки. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб со „петарда“ против Тетекс покажа дека во пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига останува со високи амбиции за конечно враќање во фудбалската елита на Македонија.
Петте погодоци ги постигнаа трите засилувања кои Вардар ги промовираше во изминатите два дена. Дарко Размоски и Дејан Цветаноски постигнаа по два погодоци, а еден гол беше дело на Роберт Митев.
Следен тест за Вардар ќе биде на 8. февруари против Скопје, додека пак „генералката“ е против Работнички на 11. февруари.
Вардар е на второто место на табелата во Втората лига, а во првото пролетно коло на домашен терен ќе игра со Арсими од Чегране.