Достоинствено, со положување свежо цвеќе одбележан 151 роденден на Гоце Делчев во штипско Ново Село

Достоинствено, без инциденти денеска пред спомен релјефот во штипско Ново Село се одбележа 151 роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Свежо цвеќе положија преставници од Општина Штип, политички партии, делегации, здруженија и пријатели. Борбата продолжува исто како Делчев што се борел за слободна Македонија, истакна во својот говор градоначалникот Иван Јорданов.

„Денес одбележува 151 година од раѓањето на големиот македонец Гоце Делчев, кој ја проширил идејата за самостојна, независна, суверена, слободна Македонија. Денес како генерации на македонци кои живееме и имаме одговорност да продолжиме да се бориме затоа што живееме во вакви околности и кога од многу страни не негираат, не асимилираат затоа борбата мора да продолжи.“ – вели Јорданов.

Спомен соба посветена на Делчев, реконструираната зграда каде тој бил учител а сега е рекотрат на универзитетот Гоце Делчев, како и голем број публикации и истражувања за неговиот лик се само дел од работите кои ги поседува Штип, а се посветени на Делчев.

„Прво зградата пред која што славиме е Ректоратот на УГД или училиштето, реконструирана целосно како оргиналното училиште во кое биле учители Гоце Делчев и Даме Груев. Имаме спомен соба посветена на нивното дело и веројатно поголем број на колеги работат и истражуваат за делото на овој револуционер“ – додаде Мираковски.

Да се споменува името на светиот македонски лик на великанот Гоце Делчев значи не само гордост и чест, значи огромна одговорност, тежина и аманет, иметоо достојно да се зачува.

Лаура Стојанова М-Нет