Штипјани согласни дека кино во градот треба да има, Јорданов вели во месец март

Гужва, турканица за карти, публика која со нетрпение го чекаше почетокот на филмот во киното во Штип, дружба која не се заборава, вака штипјани зборуваат за периодот пред повеќе од 10 години кога во градот имало кино. Велат дека редовно го посетувале, бидејќи се емитувала квалитетна програма достапна за сите. Сега веќе кино во Штип нема, а сите акнетирани се осгласни дека треба да се отвори и покрај тоа што не се сигурни колку младите би посетувале кино.

„Тука беше гужва, полно, турканици за карти, за билети, имаше престави од 16, 18 и 20 часот.“

Минатата година градоначалникот Јоранов вети отворање на кино во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Сега вели дека договорот веќе е потпишан и се очекува во месец март да се отвори киното со околу 100 седишта и програма достапна за сите генерации граѓани.

„Веќе е завршено потпишување на договорот за закуп на мултимедијалниот центар. Очекувам во наредниот месец два да се преадаптира просторот. Ова за нас значи многу оти повеќе од 15 немаме кино сала. Убеден сум дека успешно ќе работи во Општина Штип.“ – вели Јорданов.

Во месец абгуст минатата година и советниците во Советот на Општина Штип ја изгласаа оваа одлука простор во мултимедијалниот ценатр да се пренамени за кино. Со тоа би се задоволиле потребите на граѓаните, односно можноста да посетат кино од која се лишени повеќе од една деценија.

Лаура Стојанова М-Нет