
Академија Пандев за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига добива супер-засилување во името на Матеј Цветаноски.
25-годишниот крилен играч се враќа во македонскиот шампион и ќе го облече дресот на „пандевци“, а во Струмица доаѓа од редовите на албански Партизани.
Во својата кариера има настапувано за Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија ЃП на домашната сцена, а пак на меѓународната беше дел од Ѓирмот во Унгарија и Партизани во Албанија.