
Беласица вчера одигра нов пријателски меч во рамки на подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига. „Струмичката гордост“ со убедливи 4:1 го декласираше бугарскиот третолигаш Септември Смитли.
На полувреме резултатот беше 1:0 за Беласица го голот на Петров, а во вториот дел струмичани приредија гол-шоу со нови три голови. Љумовиќ беше двоен стрелец, а е еден гол беше дело и на Коцев. Бугарскиот тим во второто полувреме постигна едел гол и со тоа го ублажи поразот на конечните 4:1.
Следни контролки за Беласица ќе бидат против Беласица Петрич, Академија Пандев и „генералката“ со Брегалница во Штип.