
Вренжи од дожд, ниски температури плус ниски примања се еквивалентни со слаб пазар во Кочани. И покрај тоа што се нудеа домашни производи, ниту имаше кому да се понудат производите, ниту граѓаните имаат пари да купат се што сакаат. Пазарџиите велат дека цените се стари со години, ама побарувачката оди во се понадолна линија, младите се надвор од државата, па пазарот едвај опстојува.
„Слабо, денеска пазарот е слаб, дожд од сабајле, ладно, нема народ и слабичко. Цените се исти, кај нас овде цената е иста со години, нема разлика. Разликата може да оди само надолу, нагоре тешко. Јануари месец нема побарувачка нормално е.“ – велат продавачите.
Скапо е и за купувачите. Пред камерите на М-Нет телевизија еден од купувачите на пазарот во Кочани направи споредба за цените и платите во Македонија и Германија. Вели разликата е огроомна, бидејќи овде е скапо, а примањата се мали.

„Пазарот е слаб, нема ни потрошувачи, а и роба е слабо, цените високи, непристапни цени спрема стандардот, спрема платите и пензиите на луѓето, прескапо е овде.
Зелена салата, сезонско овошје, по малку грав, ориз, леќа, некое литро домашна ракија и по некое домашно произведено јајце беше она што најмногу се бараше и продаваше на скромниот пазар во Кочани денеска.
Лаура Стојанова М-Нет