Чулев: Агенцијата за национална безбедност ја задржала можноста да преслушува

Под формулацијата „успешно имплементирани препораки од Прибе“ се крие само бледа и свесна манипулација на јавноста и меѓународната заедница, од страна на одредени политички моќници кои се или биле на високи позиции во безбедносносниот систем на државата,рече министерот Чулев на денешната прес-конференција во МВР, посветена, на обелоденување на состојбата поврзана со акутелната поставеност на системот за следење на комуникациите што е во спротивност со законската регулатива, и е доказ дека реформите кои се водеа под покровителство на Рајнхард Прибе суштински не се реализирани.

Министерот Чулев потенцираше дека од страната на стручните служби при МВР е констатирано фрапантно кршење на законите, при што поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (денес Агенција за национална безбедност) се уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникации, а кој се однесува за кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.

“Согласно Законот за следење на комуникациите и Законот за ОТА, Оперативно техничката агенција (ОТА) била должна да овозможи директна техничка поврзаност помеѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за ПИМ, во случајов соодветната организациска единица во МВР, но истото до ден денес не е направено, односно сеуште АНБ ја има задржано посредничката улога, што во суштина значи дека сеуште постои техничката можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кое се спроведува за потребите на кривични истраги спроведувани од страна на МВР“, изјави Чулев.

Според него и покрај тоа што кон крајот на 2019 година била направена надградба на дел од системот кој физички е сместен во АНБ а е наменет за МВР, сепак не била отстранета оваа посредничката улога на агенцијата.

“Тоа значи дека реформата во делот на следењето на комуникациите во најголем дел не е спроведена, иако согласно извештајот и насоките на Прибе уште во 2015 година јасно е укажано дека од аспектот на техничка опременост УБК го имала монополот над користењето на опремата за следење на комуникациите во разузнавањето и во кривичните истраги, односно имала можност да го спроведува и набљудувато и следењето на комуникациите во свое име и во име на правосудната полиција, при што можела индиректно да ја покткопа независноста на водачот на истрагата, односно обвинителот“, рече министерот Чулев.

Тој праша зошто надлежните институции за контрола на системот за следење на комуникациите, но и самото МВР изминатиот период не презеле никакви активности за надминување на оваа состојба, која уште, како што потенцираше – е спротивна на законот.

Текстот (Видео) Чулев: Агенцијата за национална безбедност ја задржала можноста да преслушува е превземен од МАКФАКС.