
Подрумот полн компири, ама откуп нема. Најубавиот планински беровски компир „скапува“ во визбите, вели чичко Младен Пецуровски од беровско Русиново. Згомена е цената на нафтата, аргати мора да работат и да се платат по 1500 до 2000 денари дневница, а трговците даваат по 15 денари за килограм компир. Дополнително, и работата е тешка, па затоа се помалку се работи и се произведува компир.
„Компир се сади, ама откупци нема. Секој додје сам си кажува цена колку да му го продадеш компирот, а не јас како газда да кажам 20 или 30 денари за килограм компир. Одбиваат на цената за превоз оти се од Кочани или Штип и секој гледа да те откачи. Оваа година како што е цената и на нафтата и ан ѓубрето неисплатливо е. Надница секој бара од 1500 до 2000 денари, мора да одведеш народ да се собере компирот. Тешка работа е“ – вели Пенцуровски.
Од годините претходно тој произведувал по 10 до 12 тони компири, денеска производството му е знaчително намалено. Вели дека заработката ја прават трговците кои купуваат компир по 15 денари за килограм, а го препродаваат за цена од 30 денари.
„Дојде трговецот тука, става цена на компирот и потоа го препродава, ако ти го земе по цена од 15 денари го дава за 30 денари. Печалката е во трговецот, а не кај нас произведувачите. До сега произведував по 10 до 12 тони компир, ама оваа година го намалив производството. Синот отиде за странство и ние двајца што ќе правиме. “’ – вели Пецуровски.
Реалната цена на компирот не треба да падне под 30 денари за килограм вели чичко Младен. Компирот е природен, планински, ненаводнуван и одгледан во планините во беровско Русиново. Продажбата се е во периодот од Нова година па до месец мај.
Лаура Стојанова М-Нет