Јамаковски: Залудни се обидите на ВМРО ДПМНЕ за оцрнување на моето име!

По вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, на која констатираат дека Тамер Јамаковски незаконски е поставен за в.д. член на УО на ХС Злетовица, писеман реакција пристигна и од Јамаковски. Вели дека додека постои ВМРО ДПМНЕ, штипјани ќе сведочат постојано на театарски претстави.

„Како и секогаш преплашени од своите погрешни и незаконски постапки, така и вчера вмро излегоа пред јавноста со цел оцрнување на моето име и личност, но залудно, бидејќи целта на ДПМНЕ е свртување на вниманието од реалните проблеми и скандали.

Овој потег не беше ништо друго освен најава за она што ќе следува деновиве, а тоа е смена на досега незаконски назначената вд директорка која по трет пат веќе 30 дена користи државни бенефити.

Но, ниту јас, ниту СДСМ не сме виновни што во редовите на нивната организација директорските фунцкии се со рок на траење до една година, а потоа истите функционери фатени со пропустите ги заменуваат со нови, за кои не се зема обзир дали се компетентни, дали се со соодветно образование , искуство , како и професионална способност.

Мојот избор за вд член на надзорен одбор во ЈП Злетовица е согласно последните законски измени и дополнувања на законот за јавни претпријатија.“ – напиша Јамковски.

Јамаковски додава дека со положениот менаџерски испит и финансиско работење, ги исполнува условите како вд член, а лагите и манипулации на ВМРО нема да поминат и притоа никакви паушали нити други начини на дополнителен приход нема да го смени фактот дека ДПМНЕ инвестира 35000 евра пари на граѓаните за изградба на фонтана.

За какво подобрување на условите зборуваме, за воведување на нова активност на часовите по Спорт -СКОКАЊЕ ВО ФОНТАНА? ??

Не заборавајте дека тоа се народни пари и апелирам до ВМРО ДПМНЕ прво да погледнат во своите редови, каде нивни високи функционери членуваат во управни одбори и постојани како паразити ги трошат парите на граѓаните.“ – додава Јамаковски.

Лаура Стојанова М-Нет