
Не се патува со авион, некои воопшто не патуваат ниту со автомобил, сопственците губат огромна сума пари. Ова се само дел од работите кои се случуваат на петок 13, или црн петок за кој се верува дека е баксузен. За ова некаде се уште се бара коренот на потеклото а според некои верувања, на овој ден Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок.На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак. Мит или суеверие ги прашавме штипјани на терен. Повозрасните анкетирани граѓани сметаат дека ова е измислено и дека денот Петок 13 не е ништо поразличен од останатите денови во годината.
„Зависи за кој како, за мене е се во ред. Тоа останало од страи времиња, тоа повеќе од Америка доаѓа, филмови има многу и затоа.“ – велат граѓаните.
Одредени занимливи факти зборуваат дека стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.
Лаура Стојанова М-Нет