ОФИЦИЈАЛНО Воска Спорт го промовираше Ујкан Муча

Како што претходно објави телевизија М Нет, Воска Спорт денес и официјално го промовираше Ујкан Муча како ново засилување во нападот за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

22-годишниот Муча во Воска Спорт доаѓа од ривалот Гостивар, а својата кариера ја започна во Кораб од Дебар, додека пак како кадет настапуваше за Академија Пандев каде помина две и пол години.

Муча, исто така, кратко време настапуваше и за младинската екипа на Шкендија, а беше дел и од тренинг кампот на Цирих од Швајцарија.

Воска Спорт изгради квалитетен тим, за време на подготовките ќе ја темпира формата за прволигаши, а во пролетниот дел единствена цела ќе биде атак на првите две места кои директно водат во Прва лига.