Кристијан Јордановски и Беласица се разделија

Кристијан Јордановски се раздели со струмичка Беласица и кариерата ја продолжува во нов клуб.

23-годишниот централен дефанзивец си заминува од Струмица по една полусезона помината во дресот на „струмичката гордост“.

Велешанецот сега е слободен играч, а во својата кариера има настапувано и за Слога од Виница, Тетекс, радовишка Плачковица, Кит Го од Пехчево, Каменица Саса, Брегалница од Штип, Вардар, Македонија ЃП и велешки Борец.