
Струмичкиот второлигаш Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.
Првата прозивка беше вчера со што беше означен и стартот на подготовките, а шефот на стручниот штаб Благој Гуцев на располагање имаше 25 фудбалеи, како и неколку засилувања, кои во текот на следните денови ќе бидат и официјално промовирани.
Подготвителниот период ќе се одработи во Струмица, а закажени се и пет пријателски пресметки против екипите на Кожуф, Септември Симитли, Беласица Петрич, Академија Пандев и „генералката“ со Брегалница во Штип.