
Брегалничката епархија повикува на масовност во пријавувањето за скокање по Светиот крст на Водици. Од таму велат дека сите оние коишто сакаат да го извадат крстот од водите на река Брегалница треба да се пријават во матичните цркви, да бидат крстени, да бидат полнолетни или доколку се малолетни, да имаат согласност од родителите и да го поминат лекарскиот преглед кои ќе се одржи пред Водици. Крстот и годинава ќе се фрла на две локации, од мостот во штипско Ново Село и од мостот во населбата Осми ноември.
Ребека Спасова М-Нет