
Утревечер традиционално 31 пат по ред ќе се запали суроварскиот оган во населба Железничка во Штип. Со кршење на славскиот колач продолжува да се негува традицијата стара над три децении. Претседателот на Урбаната заедница Железничка, Нако Михаилов ги покани сите граѓани да бидат дел од овој настан, кој се организира секоја година за големиот христијански празник Василица.
„По 31 пат се одбележува Василица, Стара Нова година. Традиционално програмата ќе биде во петок на 13.1. 2023 година, во 18:30 часот ќе биде отворањето на програмата, 18:50 традиционално ќе се крши славскиот колач, а во 19 часот ќе се запали суроварскиот оган, в местото на Железничка станица. Поканети се сите граѓани на град Штип и пошироко“ – вели Михаилов.
Суроварскиот оган се запали и мината година јубилејно по 30 пати, а на истиот присуствуваа голем број граѓани од Штип и регионот.
Лаура Стојанова М-Нет