ОФИЦИЈАЛНО: Воска Спорт го претстави голманот Хадис Велии

Воска Спорт денес и официјално го претстави искусниот голман Хадис Велии како ново засилување за следните шест месеци, односно за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Охриѓани добиваат искусно име на голот, во својата кариера 32-годишникот има настапувано за Шкендија и Ренова, а имаше настапи и за Гостивар и Влазерими од Кичево.

Велии има 111 настапи во Првата македонска фудбалска лига, додека со Ренова има три настапи во квалификациите од Лига Европа.

Во пролетниот дел Воска Спорт влегува значително засилена со атак на првите две места кои директно водат во Прва лига, со што охриѓани ќе направат историски успех доколку обезбедат место во фудбалската елита на Македонија.