
Второлигашот Беса од Добри Дол ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига. Тренерот Александар Таневски го имаше првиот собир со фудбалерите и го одработија првиот тренинг.
Сите фудбалери се на располагање и денес беа на првиот тренинг, освен Фетим Ебиби кој има повреда повреда.

Како што претходно објави телевизија М Нет, Беса денес го промовираше и Октај Ракипи како засилување за пролетниот дел, откако двете страни постигнаа договор за соработка во следните шест месеци, а 19-годишникот во Добри Дол доаѓа на позајмица од Шкендија.
Ракипи претходно настапуваше за младите категории на Шкендија, одигра шест натпревари за сениорски тим на тетовскиот прволигаш, беше дел од Борец и Гостивар, како и дел од младинските категории на репрезентацијата на Македонија.
Претходно Беса се засили со голманот Дејан Силјановски, Кристијан Ивановски и Агон Елмази.
