Шкендија го врати Реџепи, Амзаи и Ракипи одат на позајмици

Шкендија во своите редови го врати Алмир Реџепи, кој во изминатиот период беше на позајмици во Велазерими, Гостивар и Беса од Добри Дол.

21-годишниот лев бек се враќа во тетовскиот прволигаш, откако изминатиот период беше на позајмица во клубови кои настапуваат во Втората македонска фудбалска лига, каде покажа добра игра и ја доби довербата со што се враќа во Шкендија, а притоа е продолжена соработката до 2025 година.

20-годишниот Астрит Амзаи е позајмен во Гостивар во слединте 6 месеци, а пак 19-годишниот Октај Ракипи оди на позајмица во Беса од Добри Дол.