
Македонија Ѓорче Петров загуби на вториот натпревар од „Арена Купот 2023“ во Хрватска, каде беше поразена од Истра со 2:0.
Стрелци на погодоците за Хрватите беа Траваља, кој погоди во 80. минута и Бакрар во 89. минута.
Во првото коло „лавовите“ одиграа 0:0 со Колхети, а во последниот меч од групната фаза на турнирот во Медулин, Македонија ЃП ќе игра против Арсенал од Тиват.