ФОТО: Тиквеш ги започна подготовките, Наумовски и Шиков нови засилувања, продолжена соработката со тројца фудбалери

Тиквеш од денес ги започна подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадаречкиот прволигаш денес и официјално ги промовираше Виктор Наумовски и Глигор Шиков како нови засилувања.

Наумовски во Кавадарци пристигна од редовите на второлигашот Охрид, а во својата кариера 21-годишниот охриѓанец има настапувано и за Академија Пандев.

Шиков е повратник во редовите на Тиквеш, а 18-годишникот доаѓа од редовите на прилепска Победа.

Тиквеш ја продолжи соработката со тројца фудбалери, Данаил Тасев стави потпис на договор од една година, Николај Христов ја продолжи соработката на нови шест месеци, а на шест месеци продолжи соработката и со Глигор Дончев.

Сѐ уште не е познато каде Тиквеш ќе ја одработи главната фаза од подготовките, дали тоа ќе биде во странство или во некои од туристичките центри во Македонија.

Тиквеш есенскиот дел го заврши на четвртото место со 26 бодови, а пролетниот дел го отвара против Струга на домашен терен.