Општините ќе аплицираат со проекти во февруари, Бирото предвидува 12.000.000 евра буџет

Околу 12 милиони евра годинава ќе се слеат во проекти преку Бирото за регионален развој. Општините од Источниот плански регион откако претходно дискутираа на регионалниот форум, во февруари ќе може да ги аплицираат приоритетните проекти за истите да бидат разгледани и одобрени од Бирото за регионален развој, вели директорот Рамиз Реџепи.

„Како што се знае, Источниот плански регион одржа форуми на кои присуствуваа сите чинители на тој Источен плански регион и даваат приоритети и насоки во кои ќе се инвестира. Градоначалниците аплицираат со проекти до Бирото за рамномерен регионален развој. Како што реков и претходно, државата иако е во време на криза, одвојува средства за капитални инвестиции, односно и оваа година ќе имаме повик во февруари и откако ќе помине програмата на Влада, ќе може Општините да аплицираат со нови проекти и оваа година“, вели Реџепи.

Регионалните проблеми претходно се идентификуваа на вториот форумски циклус, чија временска рамка за завршување беше до 30 декември 2022 година. Учесници на регионалниот форум беа претставници од општинските администрации, јавните претпријатија, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните установи и останати граѓани.

Ребека Спасова М-Нет