
Второлигашот Слога од Виница денес го претстави Борче Ужевски како второ зимско засилување.
30-годишникот ќе ја засили одбранбената линија на Слога, а во Виница доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија. Штипјанецот е повратник во редовите на Слога, а во својата кариера има настапувано и за Осогово, Каменица Саса, штипска Брегалница, Скопје, Маџари Солидарност, Македонија ЃП и Беласица.
Претходно, Слога се засили со Давид Бошески, а како што дознава М Нет во следните денови во Виница ќе бидат промовирани уште неколку засилувања.