Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница

Крилниот офанзивец Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на радовишки Детонит Плачковица каде настапуваше во есенскиот дел од Втората лига.

Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево.

Брегалница се засили претходно и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.

Колку за потсетување, пред неколку дена Брегалница го назначи Горан Здравков за нов шеф на стручниот штаб на „сините“.