
По повеќе од две недели без директор, утре ќе се реализира примопредавањето на директорската функција во ЈП Исар. Од Општина Штип информираат дека Трајан Коцев утре ќе ја преземе функцијата директор и ќе седне на местото прв човек на штипски Исар.
„ Утре, среда 4.1.2023 година со почеток во 10 часот директорот на ЈП Исар, Трајан Коцев ќе одржи прес конференција по повод преземањето на функцијата в.д. директор на ЈП Исар“ – соопштуваат од претпријатието.
Одлуката за промена на директорската функција во ЈП Исар во јавноста беше сооштена пред повеќе од две недели од страна на градоначалникот Јорданов, ама примопредавање немаше заради работната позиција на Коцев во МВР. Јорданов пред неколку дена истакна дека ќе почекаат дополнително уше неколку дена за Коцев да ја добие соодветната дозвола за промена на работно место.
До сега ЈП Исар функционираше без директор, но Јорданов општимистички истакна дека постојано се комуницира со раководителите на сектори и на тој начин претпријатието преживува. Но остана дециден, за едно динамично претпријатие како штипски Исар повеќе од потребно е да има директор кој ќе ги извршува работните задачи.
Лаура Стојанова М-Нет