
Предновогодишна забава организираше ЦПЛИП „Порака“ во Штип за своите корисници. Настанот беше во рамки на програмата на Центарот, а е во месец во кој се одбележува Светскиот ден на лицата со попреченост и месец во кој Центарот прославува три години од своето постоење.
„Досега ни беа овие три успешни години, пред неколку дена одбележавме три години од постоењето на Дневниот центар. Постигнавме голем успех за три години, за тоа добивме и награда на празникот „Св. Никола“ од Општина Штип. Ова е Центар за лица со попреченост над 18 години“, вели Лилјана Крстевска, претседателка на ЦПЛИП „Порака“ – Штип.
Музичката програма беше од страна на Градски хор 2019 – Штип, а во настанот се вклучи и Заедницата на Хрвати преку мали подароци за корисниците.
„Среќата и лебот се делат. Тоа го направивме денес, ја споделивме нашата среќа со оној на којшто му треба. Тие не се гладни, ама убаво е кога нешто поделивме со некој. Јас како претставник на Заедницата на Хрвати сум пресреќна, бидејќи ова е трета активност за неполни месец дена“, вели Долорес Кашуба Петров, претседателка на Заедница на Хрвати „Либертас“ – Штип.
Целта на Центарот е лицата со попреченост е да ги осамостојат лицата и да ѝ покажат на заедницата дека и тие имаат право на квалитетен живот.
Ребека Спасова М-Нет