Димитров: Ќе има усогласување на минималната плата, а не покачување

Не зголемување, туку усогласување на минималната плата ќе има во првиот квартал од 2023 година, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Зголемување на минималната плата во првиот квартал на наредната година за околу 2.000 денари нема да биде нов удар врз стопанството смета и Димитров, но тој појаснува дека ова не е зголемување, туку усогласување на минималецот со трошоците за живот и согласно растот на просечната плата, која изнесува над 33.000 денари.

„Лани кога се усвои Законот, кога номинално се покачи, не се усогласуваше, туку директно се отиде на 18.000 денари. Се измени оваа методологија и сега ќе се усогласува половина од растот на трошоци на живот и половина од растот на просечната плата. За разлика од порано, сега го има и тоа што минималната плата не смее да биде помала од 57% од просечната“, истакна Димитров.

Проблемите повторно ќе се создадат со тоа што во дел од колективните и државните фирми нема да се изврши порамнување на платите со минималната. Димитров смета дека со новата методологија се создава еден друг голем проблем, а тоа е дека голем број од работници се повеќе ќе бидат збиени околу минималецот.

„Тоа ни прави одредени проблеми, а тоа е најчесто збивање на се’ повеќе работници околу минималната плата и неможност за покачување на платите на другите работници, што се покажа и минатата година“, додава Димитров.

Според Димитров, државата има висок процент за минималната плата, за разлика од нас членките во Европската унија, кои имаат донесено и законски решенија минималната плата не смее да биде повисока од 50 % од просечната.

Ребека Спасова М-Нет