Запознаен јавен правобранител и министерот Сали, младите доктори од Кочани очекуваат позитивен исход

Запознаен заменик јавен правобранител за случајот со вработувањето во кочанската болница, младите доктори од Кочани се обидуваат да стапат во контакт со министерот за здравство Беким Сали, и се надеваат дека ќе ја пронајдат правдата во овој случај. До крајот на недела велат ќе биде понесена и жалба.

„Во текот на изминатиот ден како и денеска очајнички се трудиме да стапиме во контакт преку меил со Министерот Беким Сали, за оваа тешка ситуација во која се наоѓаме јас и мојот колега Стојан Лазаров. Запознаен е заменик јавен правобранител, нашата жалба е во тек и ќе биде доставена во текот на оваа недела. Искрено се надевам на позитивен одговор за целата ситуација иако директорот Александар Серафимов се повикува на член 161 став 1 за кој сметаме дека правнички е неиздржан.“ – вели Коцев.

Од директорот велат сѐ уште немаат одговор, освен она што во текот на вчерашниот ден излезе како писмено соопштение во медиумите.

„Од директорот лично немаме одговор. Тој се повикува на член 161 став 1 во кој се вели дека одлуката се однесува врз ранг листа“ – додава Лазаров.

Откако ќе биде поднесена жалбата, младите доктори очекуваат позитивен одговор од министерот Сали, како и позитивна разрешница на случајот. Тие се наоѓаат на ранг – листата и треба да бидат примени на работа.

Лаура Стојанова М-Нет