
Не само денеска, туку секој ден, под ова мото на светскиот ден на солидарноста Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Штип денеска спроведоа хуманитарна акција. Акцијата се состоеше од два дела, беа опфатени најмалите но и повозрасните граѓани од социјално загрозени смејства кои имаат потреба од помош. Семејствата се пред сѐ оние кои јавно побарале помош и биле посетени од страна на унијата за да може празниците да бидат повесели моменти за сите. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Христина Серфимовска ги повика сите хумани граѓани да се вклучаи и да донираат.
“Денес на Меѓународниот ден на солидарноста и по тој повод ние како Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ организираме хуманитарна акција и ќе посетиме седум различни семејства. Првиот дел од акцијата се однесува на најмалите, ќе поделиме новогодишни пакетчиња на четири различни семејства, додека вториот дел е наменет за социјално ранливи семејства имаме спремено пакети храна, облека и средства за хигиена. Оваа прилика ја користам да упатам повик до сите оние кои се во можност да ја следат оваа акција и заеднички да помогнеме на што е можно повеќе семејства.“ – врли Серфаимовска.

Денешната хуманитарна акција беше дел од низата активности кои се преземаат од страна на унијата на жени за подобрување на условите на живот на граѓаните кои не се во можност тоа да го обезбедат сами.
Лаура Стојанова М-Нет