Низ медиумите протекуваат видеа како припадници од исламска вероисповед го слават својот празник во поголеми групи пропратено со музика и ора. После чаирчани, во нашата редакција пристигна видео на кое се гледа како се слави во Штип. Откако изминаа 30 дневните пости се празнува празникот Рамазан Бајрам на јавна површина во поголема група од дозволеното и тоа за време на полициски час кој започна во неделата од 11 и ќе трае до вторник 5 наутро, сепак часот не им беше препрека за да бидат расположени со музика и прослават празникот. Адетите за Рамазан започнуваат со утринска молитва во џамија и продолжува славењето со најблиските.