
На денешен ден, пред 79 години на Второто заседание на АВНОЈ во градот Јајце во Босна и Херцеговина беше донесена одлуката за формирање федерална држава Југославија, како и Основачко собрание. По завршувањето на војната, во 1945 година, 29 ноември останува да се прославува како Ден на Републиката и еден од најголемите државни празници, кој свечено се прославувал низ целата земја. Граѓаните го паметат по пеењето химни, одржување приредби во културните домови, па и денес се сеќаваат на времето во кое тогаш се живеело, а кое според нив било подобро.
Прашани за химната на Југославија, граѓаните велат дека освен што со задоволство се сеќаваат, дури и ден денешен можат да ја отпеат.
По распаѓањето на Југославија, Денот престанува да се слави во сите поранешни републики, освен во Србија, каде официјално се укинува на 14 ноември 2002 година. Денес останува само како носталгија кај југоносталгичарите и Здружението во Кочани, единствено кое и денес ги прославува сите значајни датуми поврзани со историјата на поранешна Југославија. Југословенското тробојно знаме со ѕвезда петокрака и денес повторно се развеа во Кочани. Низ кочанските улици караванот возила се движеше со фотографии со ликот на Тито, македонски знамиња и песни. Во изминатиотв период Здружението организираше и хуманитарни акции за собирање облека и храна, како и за доброволно крводарување.
Ребека Спасова М-Нет