
Пет лица се повредени во сообраќaјна несреќа, која се случи денес, околу 12 часот, кај местото викано „Перово долче“ на патот Пробиштип – Кратово. Според првичните информации од СВР Штип едно возило излетало од коловозот, а во истото се превезувале пет лица. Од нив, четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово. Увидот од страна на истражните органи сѐ уште се одвива за да се утврдат причините за несреќата. Патот Пробиштип – Кратово од 13.15 часот е пуштен за сообраќај.